Грипот ја зема втората жртва. Станува збор за 25-годишна девојка од Охрид, јавуваат медиумите. Епидемиолозите предупредуваат за удвојување на бројот на жртвите на грип, од кои повеќето се од грипот Х1Н1.
Во вторникот вечерта па почина петгодишно девојче. Девојчето починало на Клиниката за детски болести каде било донесено по тридневно лекување на Институтот за белодробни заболувања во Козле, како последица на влошување на состојбата при инфицираност од пандемски грип Х3Н1, соопштија денеска од Клиниката.
-На Клиниката е примено девојче на возраст од пет години од Скопје, кое претходните три дена се лекувало од вирусна пневмонија во Институтот за белодробни заболувања Козле. Поради влошување на состојбата со појава на невролошки симптоми детето е префрлено на Клиника и првично примено на одделот за неврологија. Веднаш е свикан конзилиум, земени се лабораториски иследувања и поради тешката состојба со засегнување на мозокот и црниот дроб, префрлено е на одделот за интензивна нега и терапија. Лабораториски се потврди пандемски грип – H3N1 Influenca A, соопштија од Клиниката.
На детето му била дадена терапија со тамифлу, антибиотска терапија, кислородна поддршка, хепатопротективна терапија, антиконвулзивна терапија, интравенски имуноглобулини, плазма и друга специфична терапија. Поради влошување на респираторните симптоми, се посочува, детето е интубирано, но и покрај сите преземени мерки починало во 23.30 часот после 13 часа престој на Клиниката.
И додека растеше бројот во последните две-три недели на заболени од грип, надлежните само апелираа болните да останат дома и да земаат лекови само по препорака на лекар. За разлика од надлежните во Македонија, оние во Хрватска веќе имаат конкретни мерки како забарана за пациенти кои лежат во болници, посебна постапка за болните. Во исто време и проценка дека грипот ќе се шири и во наредните 4 до пет недели.