Епидемијата на морбили не стивнува. Четири деца заразени со морбили се во потешка здравствена состојба. Меѓу заразените има и дете со церебрална парализа, на кое морбилите му ја влошиле состојбата.

Во моментов 21 еден пациент се хоспитализирани на инфективната клиника. Најголемиот дел се деца. Со промената на примање вакцина на 6 месеци наместо на 13, докторите и епидемиолозите очекуваат да се заштитат и најмалите кои се заразени од морбилите. Оваа одлука треба да се применува од денеска, а е донесена од страна на Комисијата за заразни болести.