Според најновите информации до кои дојдовме од нашата редакција, ФЗОМ подготвува ново преперување на пари, нови тендери и сето тоа преку грбот на граѓаните повторно. Здравствените книшки електронски, кои до вчера требаше да се обноват, не се повеќе приоритет за оваа влада. Сега здравствените услуги ќе ги добијат пациентите само со здравствената хартиена книшка.
Важно е според матичниот број на граѓаните секое здравствено лице да ја види целата здравствена слика на пациентот.
Станува збор за досие на пациентот или електроник хетл рекордер, каде може да се види од што се лекувал пациентот, какви лекови примал, кај кој доктор доколку е потребна и комуникација.
Анализирани се процесите каде треба да се користи сегашната електронска здравствена картичка и дигиталниот сертификат. Во согласност со собраните информации, новоформираната работна група подготви краткорочни и долгорочни решенија за надминување на проблемот со користењето на здравствените услуги.
Електронските здравствени картички беа ставени во функција во 2011 година.
Претходно граѓаните секој месец со платено здравствено осигурување добиваа сини картони.
Новиот проект чинеше 7, 5 милиони евра од буџетот, за секој граѓанин да добие картичка. Колку ќе чини овој проект сега што го има смислено ФЗОМ и Ден Дончев, останува да дознаеме!!! Битно едно е јасно, станува збор за уште една нова смислена „ситуација“ во која пак тендерските пари ќе се слеат во нечии џеб. – јавноста прашува до кога?