Минатата година во Дебар имало околу 200 новороденчиња, но само 20 од нив се родиле во дебарската болница, останатите во најголем дел во струшката болница и нешто помалку во Скопје. Во болницата во Дебар нема доволно кадар.
Над 90 отсто од мајките од општина Дебар се породуваат во Струшката болница како и во други болници во земјава. Последните години постојано се зголемува бројот на мајки кои породувањето го вршат надвор од Дебар, бидејќи во општата болница во Дебар нема доволно кадар. Во 2018 година во дебарската болница се породиле само 20 жени, вели директорот на болницата доктор Баки Алили.
„Вистина е дека многу е мал бројот на породувањата кои се вршат во нашата болница и тоа поради одредени проблеми кои се однесуваат на недоволниот кадар во одделот за гинекологија. Излез гледаме во ангажирање на гинеколози од Струга. Сметаме дека можеме да ангажираме осум гинеколози од струшката болница, со што би делувале четири екипи. Заедно со нив би се вклучиле и двајца наши гинеколози и проблемот ќе се надмине“, додава Алили.
Раководителот на одделот за гинекологија при болницата во Струга доктор Мухамед Асани изразува готовност во дебарската болница да се активираат гинеколози од болницата во Струга, со цел жените од Дебар да не се малтретираат.
„Повеќе од пет години откако ние престанавме да делуваме и во дебарската болница, сега најголемиот број на мајки од Дебар и Жупа се породуваат во Струшката болница. До декември минатата година беа породени 135 мајки од општина Дебар од кои 55 со царски рез. Тука треба да се додадат и големиот број контроли и други интервенции на пациентките од Дебар. Решението е во повторно ангажирање на нас гинеколозите од Струга во дебарската болница. Ние сме спремни на наше повторно ангажирање како гинеколози и во дебарската болница“, додава Асани.
Недоволно кадар по сите клиники и болници низ републиката, а министерот само посочува колку го унапредил здравството и колку здравството напреднало откако е тој министер. Венко Филипче, нашиот тендер министер нема персонал по здравствените установи, пациентите се тие кои трпат и страдаат, пациентите се тие кои немаат лекари да ги лечат или да им помогнат. Не треба ветувања, треба работа – посочуваат по социјалните мрежи изреволтирани пациенти