Од Управата за јавни приходи информираат дека во текот на денешниот ден е надминат проблемот со исплата на придонесите од плата на вработените на Стоматолошкиот клинички центар. Поради настанатиот проблем неколку стотина вработени една недела беа без здравствено осигурување и не можеа да одат на лекар, да добијат рецепта или упат.
Филипче откако дојде како министер ова се случува веќе втор пат, првично пред извесен период беа месец ипол без здравствено покритие докторите кои се и професори на медицинскиот факултет, сега се случи истото кај стоматолозите.
Се поставува прашање, кој работи со тие пари и зошто не им се плаќаат под „смешен “изговор. Зошто ова не беше пракса претходно? Како и која е следна клиника или група на медицински работници кои ќе бидат опфатени од оваа „мерка“ на министерот?
Прашуваат по социјалните мрежи медицинските работници, докторите а се разбира и пациентите. Загрижени се сите бидејќи за да може да се биде лекуван пред се докторите треба да бидат згрижени и покриени со основните потреби за да може да фокусираат на лекување и да пружат помош, а не да се размислуваат дали ако настинат ќе можат да земат рецепт. Вака и со ваквите мерки не се иде во корист на никого, само на штета на македонското здравство.