Пронајдена е бактеријата МРСА во нос кај четири деца во градинаката „Снежана“ во Чаир, а во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ само кај едно од децата, потврдија од ДСЗИ. Минатиот месец мајка пријавила дека кај нејзиното дете во нос е пронајдена бактеријата МРСА. Веднаш потоа биле земени брисеви на сите 37 деца при што кај 3 била откриена МРСА, а кај две стафилококус ауреус.
„Наложено е да се направи дезинфекција, проветрување и сите други мерки во вакви ситуации, а децата се лекуваат и не доаѓаат во градинка“ посочија од ДСЗИ.
Во училиштето „Ѓорѓија Пулевски“ земени се брисеви од сите деца во одделението и кај ниедно не пронајдена бактеријата. И таму е направена дезинфекција и преземни се мерки за заштита.
Лекарите велат дека не е ново метицилин резистентна (МРСА) да биде пронајдена во нос. Пред еден месец МРСА беше пронајдена и на Стоматолошките клиники.