Истражувањата покажуваат дека голем број луѓе не знаат да разликуваат настинка или грип од алергиски напад. Иако симптомите се многу слични сепак постојат мали разлики кои ќе ви помогнат во препознавањето и разликувањето на овие здравствени тегоби.
1. Разлики
Што треба да имате во обѕир кога се обидувате да идентификувате дали станува збор за настинка или алергија?
– чешање и солзење на очите се чест знак на симптоми на алергија
– кашлање и често кивање со исфрлање на безбоен секрет од носот се симптоми на алергија
– настинката не предизвикува чешање на очи и тоа е еден од најсигурните начини да разликувате алергија од настинка
– најбезбедно е да проверите да не станува збор за бактериски конјуктивитис
– болки во грлото и зголемена температура начесто се случуваат при настинка
– болки во телото не се појавуваат кај алергија
– кај некои луѓе се појавува егзема, а тоа не е симптом на настинка.
2. Траење на симптомите
Има разлика во тоа колку траат симптомите на настинка и алергија. Симптомите на настинка обично траат од 7 до 10 дена. Симптомите на алергија може да ги чувствувате неколку недели, зависно од тоа колку алергенот останува присутен во воздухот.
3. Сличности
Некои симптоми се слични кај алергијата и настинката. На пример, и двете појави влијаат на респираторниот систем.
Еве што е слично:
– течење нос
– затнат нос
– кашлање
– воспалено грло
– конјуктивитис
– кивање
4. Што треба да знаете?
Алергијата не е предизвикана од вирус и не е заразна. Алергија се развива кога имуниот систем реагира на обично безопасни честички како да се опасни. Телото ослободува супстанци кои се борат со тие честички, една од нив е хистаминот чија задача е да го заштити телото од надворешни закани.
Постојат над 200 подвидови на вируси кои можат да предизвикаат настинка, се пренесуваат преку воздух од кашлање и кивање. Засега нема лек за настинка, најчесто се препорачува одмор, пиење на многу течности и слично.
Алергиите се третираат со лекови кои ги блокираат ефектите на хистаминот.