Претстојното лето во Македонија но и пошироко на Балканот и во Европа ќе биде особено топло со значително натпросечно високи температури на воздухот и чести продори на топли воздушни бранови кој ќе пробиваат од северните предели на Африка. Ова лето Македонија очекува неколку топлотни бранови со температури кој би се искачиле и над 40°C.
Сепак ваквата појава е многу нормална за нашиот дел од континентот а сето ова е како што веќе кажавме поради феноменот Ел Нињо кој носи потопло време но и повеќе врнежи. Што се однсува пак до врнежите тие ќе бидат над просекот што значи очекуваме почести дестабилизации на атмосферата проследена со поројни дождови, грмежи, силен ветер како и појава на град а не се исклучува можноста и за локални поројни поплави.
Освен Македонија со многу топли бранови треба да се соочи и регионот како и поголем дел од Европскиот Континент, сепак и покрај ова ќе има повремени продори од север кој ќе условуваат и освежување на времето.