Во изминатиот период владеачката партија одржува митинзи ширум републикава, еден од нив беше во Велес, ама имаше доста интересен митинг и во Тетово, митинзите се одржуваат како дел од кампањата за претседателските избори која е во тек, но гафовите и смешките на лидерите на овие партии никако да престанат.
Имено, Зоран Заев се појави на бината во Велес како поддршка за неговиот кандидат Стево Пендаровски, кој на Велешани им се претстави како Зоран од село Муртино.
-Јас сум Зоран Заев од село Муртино, струмичко. Едноставен човек. Некои ме викаат „зајче“. Нема проблем. Викаат едно зајче рипка од таму до таму. На крајот ја пееја „зајченце миличко, зајченце сивичко, рече Заев.
Секако, после гафот на Давкова која жителите на Неготино ги нарече Кавадарчани и стана хит на социјалните мрежи, сега и Заев е мета на Твитерџиите.
Последното од Заев кое стана вирално по твитер мрежата е обидот да збори албански заедно со претседателскиот кандиддат Стево Пендаровски притоа незнаејќи тоа што го зборат што значи, неговото вистинско значење. Но и во таа ситуација Заев проба да се извади со зборовите „ Стево ти подобро од мене збориш албански, ќе треба и јас да научам подобро“ рече Заев.