Мери Николова, една од најгласните активистки на СДСМ и т.н. „шарена револуција“ која се бореше за поголеми права на затворениците, како и за законот за амнестија со кој беа ослободени речиси 1.000 сторители на кривични дела од затворите низ земјата, објави Фејсбук статус во кој пишува дека министерот за Здравство Венко Филипче лажел многу други семејства освен неа за лекови за пациенти со ретки болести.
-Филипче не само мене што ме излажа за лекот за ретки болести и за тендерот, тој лажел и многу други семејства меѓу кои и оваа мајка која ми се обрати: Јас сум самохрана мајка која што имам девојче од 9 години со срцева малфомација. Оперирана три пати во Софија и повеќе пати катетаризирана исто во Софија со системот се борам за лек кој што е од животно прашање.
Пред четири години со последната операција се јави белодробна хипертензија на листа на ретки болести, прима двокомпонентна терапија за едната се изборивме но за другата четири години ништо, лекот го набавувам се уште приватно, а е многу скап. Министерот пред Нова година вети дека ќе го има лекот но ништо до ден денешен, повеќе не знам каде да се обратам, а финансиски сум немоќна, невработена и живеам од семејна пензија. Маж ми почина пред 4 години, го продадов станот за лекување, но и тоа заврши. Некој моли за гласови, некој за лекови. Секој со својата мака, се додека народот не се освести и не свати дека политичарите се најголеми лажови и тендераши!, стои во Фејсбук статусот на Николова Буџаку.