Опаѓа бројот на луѓе коишто се заразиле со вирусот на грип. Ова го потврдија од Институтот за јавно здравје.
Тие денес го објавија редовниот извештај, а во него запишале дека за една недела има 202 новозаболени, што е за речиси 30% помалку од претходната недела.
Минатата недела немало новопчинати од компликации од вирусот. Досега, во сезоната 2018/19 регистрирани се вкупно 28 смртни случаи асоцирани со грип, на возраст од 5 до 86 години.
Вкупно 21.000 пациенти се разболеле од вирусот.