Додека за вработување некој чека со години, некој треба да има потребни квалификации, да се полагаат испити, да се биде најдобар во генерацијата, најдобар на изборот, најдобар во анкетата, за некои луѓе поточно за сите оние кои се блиски со високи функционери од моменталната власт во Македонија тоа како услов не е потребно дури и е вишок.
Иако дел од последните реакции на Зоран Заев беа дека не смее да има партиски вработувања на функционери, на нивни блиски и доколку имало такво нешто истите треба да ги вратат позициите, да си заминат од работните места и да ги ослободат.
Но, не сите го почитуваат тоа. Шарениот револуционер Павле Богоевски, за време на изборниот циклус додека трае, каде е јасно и изричито дека не смее да има никакви зборења за вработувања, а камоли да се случи такво нешто. Е токму во овој период револуционерот Павле, ја вработил својата девојка Александра Михаилова од Штип на ГАК (клиниката за Гинекологија). Александра исто како и ќерката на пратеничката од СДССМ, Катерина Кузмановска има дипломирано на медицинскиот факултет Ноември/Декември 2018-та година како општ лекар.
Но, тоа не е проблем Александра Михаилова заедно со Марија Кузмановска и двете да бидат примени на ГАК како општи лекари иако има голема потреба оваа клиника од стручни гинеколози со искуство и двете вработувања да се случат во тек на избори, кога е забрането со закон да се случуваат вакви работи.
Како што пишавме и претходно, тоа не е проблем за оваа власт да се прекршува законикот, да се донесуваат одлуки кои одговараат само за тие кои имаат корист и интерес и сето тоа да биде во функција само на Зоран Заев и неговите велепосланици, министри, директори. Па, така и успеа и на директорката на ГАК Викторија Јовановска и нејзината ќерка да биде вработена за време на избори на клиниката за пластична хирургија и веднаш по стапување на работното место да замине на трудничко боледување.
Кога ќе има крај на ваквите скандали, прекршување на закони и вработувања со дискреционо одлучување? Кога Филипче ќе образложи како ги примил трите девојки на клиниките, по кој основ, критериум и за како сето тоа за време на избори и без оглас? Време е да престанете да го манипулирате народот, време е Филипче да си даде оставка и целата влада да замине во заборав – Коментираат гневно граѓани, твитерџии, лица кои се со дипломи, магистарски, специјализации и седат по дома додека други се вработуваат и вон секаква логика!!!