Првите денови од месецот веќе нема лекови на рецепт: Граѓаните се жалат, ФЗОМ негира

Ако претходно лекови на рецепт немаше после 5 или 10-ти во месецот, сега нема ниту на вториот ден. Граѓаните, особено хронично болните, мака мачат да земат лек препишан на рецепт,…

Ако претходно лекови на рецепт немаше после 5 или 10-ти во месецот, сега нема ниту на вториот ден. Граѓаните, особено хронично болните, мака мачат да земат лек препишан на рецепт, а мај само што започна.

Граѓаните велат дека одат од аптека до аптека, а најчестиот одговор што го добиваат внатре е „лекот го има, ама само на приватно“.

Новата прераспределба на квотите, со што Фондот за здравство скрати од големите и даде повеќе пари на помалите аптеки, не го реши горливиот проблем на осигурениците.

Од фондот посочуваат: – Деновиве во Фондот нема доставено информации ниту поплаки од осигуреници дека не можеле да набават одредена терапија во аптеките. Почеток на месецот е и не може да има аптеки кои веќе ја искористиле целата месечна квота. Доколку има такви информации, осигурениците можат да достават претставка до Фондот со точна назнака за која аптека се работи и во кое време не можеле да подигнат одреден лек, велат од Фондот.

Наместо ФЗОМ да изнаоѓа алтернативни предлози, ова или она е подобро, тие како институција треба да обезбедат доволна квота на лекови за граѓаните, бидејќи додека тие најдат решение, нека посочат како граѓаните да се снајдат во меѓувреме со потребната хронична терапија. Некои од нив без соодветна терапија можат и животите да ги загубат.

Или на оваа власт, на ФЗОМ исто како и на министерот за здравство, Венко Филипче преку примерот на изминатава сезона на грип и починати преку 28 лица, човечкиот живот, животот на граѓаните на Македонија ништо не значи, нема вредност, па затоа и кон него се однесуваат така, не обезбедуваат лекови, нема доволно вакцини, нема прогласени епидемии, неможе да се контролираат епидемии и слично. Дали тоа е навистина така и кога ќе престане – прашуваат граѓаните и бараат одговори.

 


Related Articles