Деновиве пациентите кои се движат низ клиничкиот центар побараа и посакуваа да видат сменета ситуација, друга состојба, промена, сменети состојби, НО за жал сликата е иста. Состојбата не е сменета, Ниту доаѓањето на папата и блокирањето на целиот клинички центар цел ден со резервација само за папата доколку има потреба, не направија никакви промени на подобро. Граѓаните и македонските пациенти денови после изборите и посетата на папата не гледаат и неможат да почувствуваат или видат некава разлика од претходно. Некакво подобрување.
Од тоа нема ништо!
Клиничкиот ист, сообраќајниот хаос ист, министерот ист, промена на подобро нема во ниеден сегмент! Тонењето на македонското здравство продолжува и понатаму. За жал – посочија пациентите кои ги сретнавме