По примерот на неговиот колега од власта, Венко Филипче и министерот за образование Арбр Адеми се приклучи на паушалите кои се земаат како провизија за донирани вакцини, тендери за вакцини кои се подарени и целата таа ситуација околу вакцинацијата на населението под присилба и со закани, донесување измислени закони и придржување до истите. Тоа се како што може да се види не само одлика на овие неколку министри, тоа е генерална одлика на целата власт, влада и владеачка гарнитура.
Па така од денес и официјално, Адеми нема да прима и да запишува првачиња кои не се вакцинирани, односно ќе ги условува нив и нивните родители, и покрај загарантираното право со устав за морално основно и средно образование, Адеми, Филипче и Десковска успее да се стават над законот како илјада пати што тоа го направи владата и да сега на мета ги земат децата и нивните родители за личен профит и стекнување на лично богатство.
Официјалниот став на министерот Адеми е следниот: Училиштата мора да ги примаат пријавите за упис на идните првачиња, но запишувањето ќе биде исклучиво, само за оние деца, за кои родителите ќе достават потврда до Септември, дека ги примиле задолжителните вакцини, вели министерот за образование Арбр Адеми.
Народот посочува дека ова не иде во најдобра насока, дека се злоупотребуваат институциите за богатење и арам да им се парите кои министрите ќе ги заработат преку грбот на децата, на првачињата и преку стресот и нервозите кои ги предизвикуваат кај нивните родители. – посочуваат родителите по социјалните мрежи.