Десетици деца со пречки во физичкиот развој се соочуваат со недостиг на соодветна терапија. Претставниците на здружението “Раст“, велат дека ова е главна причина зошто на пациентите не им се подобрува ситуацијата. Земјава, засега, не поседува национален регистар за оваа категорија лица, а неофицијално бројот на деца со ваква дијагноза е поголем од 100.
Лекарите велат дека на Детската клиника веќе 20 години се врши лекување на овие деца. Сепак, признаваат дека има потреба од поголемо вклучување на нови терапии.
Пред неколку месеци, Фондот за здравство информираше дека средствата се ограничени, повикувајќи ги и самите клиники да најдат начини за издвојување повеќе средства за пациентите. Експертите објаснуваат дека најдобриот третман за децата е меѓу 4 и 8 години, а по 14-годишна возраст, терапијата веќе нема никаков ефект.
Додека Филипче „доделува“ тендери во 4-ри очи на свои блиски пријатели/ки или љубовници од милионски суми, децата со проблеми во физичкиот раст неможат да ја добијат соодветната терапија бидејќи ја нема во државата, министерот не ја обезбедил, министерството не се потрудило да ја набави ама за СЕ останато и министерот и вработените во министерството имаат време.
Терапијата на овие деца им е од битно значење бидејќи е временски врзана со нивниот раст и развој кој според упатените посочува дека тоа се случува помеѓу 4-тата и 8-та година и има ефект од терапијата само до 14-ет годишна возраст, потоа терапијата нема никаков ефект. Каде е Филипче да се информира на колку деца им скратува од нивното детство, нормално вклопување во средината каде што живеат? Каде е Филипче да каже зошто има пари за местени тендери а нема ниту пари, ниту е порачана терапијата за оваа ранлива категорија на граѓани?
Затоа родителите, претседателот на здружението „раст“ како и голем број на пациенти кои секојдневно се движат низ клиничкиот центар од врата до врата барајќи спас за својот проблем, а гледајќи при тоа во каков хаос се наоѓа македонското здравство, затоа сите тие токму поради тие причини бараат оставка на филипче и никогаш повеќе да не се повтори да има ваков министер за здравство!