Разрешениот економскиот директор на Клиниката за гинекологија и акушерство Ваљон Беља повторно му се обрати на премиерот Зоран Заев преку Фејсбук.
Ако за една недела ви умираат 6 (шест) новородени бебиња, и вие го толкувате тоа како „тропање глупости“, тогаш дефинитивно имате проблем со човечноста. Жалам многу што родителите на овие новороденчиња и на покојните пред нив мораа да слушат ваков вокабулар на еден премиер. Во другите држави се оди во затвор за вакви случаи, но не и кај нас. Па уште да спомнувате позиции…, напиша Беља.