Министерството за здравство објави оглас со кој се покануваат сите заинтересирани доктори на медицина да се пријават и достават писмо за интерес до Министерството за здравство. Заинтересираните доктори на медицина треба да имаат завршена пробна работа, положен стручен испит и лиценца за работа а ќе бидат ангажирани во Брза помош.
Огласот освен за службите од брза помош важат и за здравствени домови и општи болници со проширена дејност што вршат дејности и на примарна здравствена заштита, превентивна здравствена заштита за предучилишни и училишни деца и поливалентна патронажа.
Службите за Брза помош во Скопје, а особено во внатрешноста имаат кадровски проблем. Тие со години бараат поголем број вработувања за да можат да ги опслужат регионите кои се под нивна ингеренција.