Дали новиот Клинички во Ѓорче Петров навистина ќе почне да се гради до Нова година? Министерот Венко Филипче е оптимист, но полека се “газат” роковите за изработка за проектот и изборот на компанија која ќе го добие тендерот за изградба на најгомемиот здравствен комплекс во земјава. Дополнително доцни и физибилити студијата која бесплатно ја прави австриска агенција за здравство и како што беше најавено до крајот на мај требаше да биде доставена до крајот во министерството за здравство. Од министерството велат дека таа била изготвена и наскоро ќе им ја дале. Засега не се се знае ниту точната сума колку ќе чини целиот медицински кампус.
На локацијата во Веле Поле каде на површина од 90 хектари треба да биде сместен новиот Клинички единствено што е направено е пренамената од земјоделско во градежно земјиште.
Во меѓувреме државата бара околу 500 милиони евра од странски кредитори за новиот комплекс, а министерството за здравство ги чека предлозите од менаџерите на Клиниките што се треба да има во Новиот клинички.
Уште едно од поголемите ветувања на министерот Филипче и оваа влада полека оди во заборав, се успорува физибилити студијата, се приближуват роковите за започнување на процедурите, а сеуште нема ништо на повидок. Истото клише со кое дојдоа на власт, ветување за подобро здравство, сеуште истото се збори ама од подоброто здравство нема ниту подобро паркинг место, ниту почист клинички, ниту персонал, а не нешто повеќе.
Битно е дека Филипче и понатаму ветува, по тоа ќе остане запаметен и тој и оваа влада. Празни ветувања!