Здравство – ќе кажете во Македонија секогаш можел да биде подобар системот за функционирање. И да, имало секогаш пропусти во здравствената политика, многу промени кои биле пречекувани со првичен револт …
Но најлошо од се е – да не правите ништо, да не направете малку нешто за кое силно сте критикувале !
Невозможно е да се кажува дека се прават реформи во здравството, а да биде полошо и за пациентите и за здравствените работници.
Невозможно е да правите физибилити студии, а да немате купено еден нов медицински апарат ( камоли нов клинички ) !
Невозможно е да се изјавува дека ги мотивирате докторите со покачување на платите, посебно младите, а да земаат плата помала од просечната во државата !
Невозможно е да не враќате назад во времето и да нема лекови во аптеките ( да има само во првите пет дена во месецот ).
Невозможно е како да се стигне до специјалист, кога пациентот ургентно има потреба ( таквите ургентни упати се нефункционални ).
Невозможно е кога во болница ќе ви кажаат дека треба да си купите некои ампули или средство за дезинфекција. Невозможно е да го гледате нефункционирањето, а свесно да се даваат изјави за европски достигнувања !
Невозможно е во време кога има епидемија на одредена болест ( морбили ), да се повикува на комплетна имунизација, а да се немаат сите вакцини !
Има ли некој/некои поголем интерес во здравството и системот го остава и прави нефункционален ?!?
Многу работи се знаат, но сите си молчат … И здравствените работници и пациентите на сета мака … Некои на тоа се богатат,
други натчовечки работат и за таквите профитери и да го сочуваат сопствениот, но и социјалниот мир.
Некои ( а се повеќе ) поедноставно им е да заминат од таквиот систем во друга држава, каде ќе биде достојно вреднуван нивниот труд.
И што правиме кога ќе дојде денот кога потребните услуги ќе можаат да ги добијат само богатите ! Но сите молчиме …
Како и за се друго во оваа ” прекрстена” држава !
Филипче е главен виновник за тоа што го прави и тоа што се случува во македонското здравство, но вина има и кај народот и пациентите, кај медицинскиот персонал и докторите, бидејќи сите гледаме и немо никој ништо не реагира. Се додека изостанува реакција, Филипче ќе се однесува деспотски. Да ставиме крај. Оставка за Филипче!