Опозоциската ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагираше на пратеничката Кузмановска од СДСМ. Според опозицијата, дека е лицемерно власта да се фали со вакви мерки, кога сиромаштијата е искачена на енормно ниво.
Откако СДСМ дојде на власт бројката на сиромашните се искачи на 500.000 граѓани. Владата на СДСМ не прифати мерка со која домаќинствата кои користат гарантирана минимална помош да остваруваат паричен додаток од 1.000 денари заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството 12 месеци во годината наместо предвидените 6 месеци во предложеното законско решение – истакнува опозицијата, која го обвини премиерот Заев дека народните пари ги троши, како што велат оттаму, расипнички.