Деца умираат, за нив пари нема. Додека пак Заев и Филипче сакаат со „рикверц“ во ЕУ и ќе финансираат промена на полот со државни пари. Македонија за нив не е земја на традиционалните вредности, бракот, семејството.

На Универзитетската Клиника за детска хирургија ќе почнат да се вршат интервенции за промена на полот, за што е ангажиран проф. д-р Мирослав Ѓорѓевиќ од Белград. -Знам дека докторот веќе…

На Универзитетската Клиника за детска хирургија ќе почнат да се вршат интервенции за промена на полот, за што е ангажиран проф. д-р Мирослав Ѓорѓевиќ од Белград.

-Знам дека докторот веќе бил во контакт со едно лице кое е заинтересирано за оваа операција, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче, кој присуствуваше на Национална конференција за „Унапредување на правата на ЛГБТ заедницата во Македонија“, организирана од Министерството за труд и социјална политика и во соработка со Советот на Европа и по повод првата Парада на гордоста што ќе се одржи задутре во Скопје.

Министерот Филипче нагласи дека операциите за промена на полот отсега ќе бидат на товар на Фондот за здравство, а нема да се плаќаат приватно како досега. А на Универзитетската Клиника за урологија ќе биде отворен и оддел за реконструктивна урологија и андрологија.

А кога ќе се изврши првата операција за промена на полот на скопските клиники, зависи од обврските на д-р Ѓорѓевиќ и секако од подготвеноста на пациентот, кој треба да прима и хормонска терапија.

Проф.д-р Ѓорѓевиќ е еден до најдобрите специјалисти по пластична и реконструктивна хирургија во регионот и веќе неколку години соработува со приватната болница Аџибадем Систина во Скопје, каде веќе има извршено операција за промена на полот кај трансродово лице.

Додека владата предводена од Зоран Заев, во која Венко Филипче е министер за здравство, финансира промена на полот, болните деца се лечат со донации од граѓаните. Според заводот за статистика во изминатата година на клиниката за Гинекологија има починато 122 дечиња, новороденчиња. За ниедно од тие на министерот Филипче или на Заев не му е жал, ниту се замислил, помислил на нив или дали и како може да помогне. Битен е „рикверцот“ за Филипче и Заев за да се влезе во ЕУ како да придобивката од тоа ќе биде којзнае колкава, а при тоа да се гази преку своите сонародници и сограѓани. Парите со кои ќе се помага на трансродовите или ќе ги троши министерството за здравство, се пари од народот не се на Филипче и Заев. – посочуваат по социјалните мрежи граѓаните

Дали и како спијат навечер Филипче и Заев кога се свесни и знаат и самите дека со парите што ги даваат истите ги трошат за погрешни цели. Залудно ги фрлаат купиштата пари за да ја придобијат најнесаканата заедница на планетата која е неподржана од сите кои ги почитуваат традиционалните вредности, бракот и семејството како институција. Со истите тие пари можат да помогнат или можеле да помогнат на тие 122 новороденчиња од ГАК да преживеат. Треба да се покаже борбеност и да се бори, да се издејствува овие дечиња да останат, да бидат живи, бројката на починати да е што помала ако не може сите да се спасат, ако не можеле минатата година што правиме за оваа година? Не треба работите во тој сегмент да се оставаат на случајност, а од друга страна помагаме на кого, трансродови, пермутирани, изгубени, лица кои од бес незнаат што да прават?

Дали е така г-не Филипче, дали е така г-не Заев? Каде бевте за сите овие дечиња да ги спасите и што се 122-ва животи наспроти една операција на здрав прав човек кој посакува да е нешто друго од тоа што е? Налик на Магаренцето кое сакало да стане пеперутка? Со вакви несериозни чекори, расфрлање финансии за лубриканти, трансродови операции, само покажувате дека народот наголемо згрешил што воопшто помислил дека вие нешто можете или сте способни да направите. Оставка на цела влада, на сите министри, оставка на Филипче – тоа бараме ние граѓаните, народот, пациентите и болните. Лицата со кои разговаравме ни ги посочија и споделија со нас своите ставови, како и барања поврзани со ваквата реакција на владата и министерството за здравство.

Деца и родилки умираат низ клиниките ширум Македонија, но за челниците од власта поприоритетно за финансирање е промена на полот отколку промена на опремата и стручноста на кадарот!!!


Related Articles