Исчкртани ѕидови, нема прозорци, со оштетен плафон и под. Во ваква состојба е амбулантата во Ѓорче Петров. Над 3 илјади пациенти, главно деца, се лекуваат во оваа амбуланта. Е
Амбулантата е изградена за привремена употреба, по земјотресот во 1963 година. Од тогаш во овој здравствен дом не е инвестирано.
-Многу е стар објектот. Има 80 години. Изградени се во времето на комунизмот. Овде одиме на преглед.-вели граѓанин.
Овој здравствен дом е даден под концесија, но според лекарите одржувањето треба да го направи Министерството за здравство. Верица Манчевска, која е педијатар 35 години во оваа амбуланта, вели дека веќе 15 години амбулантата не е бојадисана. Таа додаде дека има и недостиг не педијатри.
-Погледнете ги ходниците. Таму нема клима. Таму нема ништо. И да кажеме дека јас не знам што му е на пациентот. И некој пат кога ќе треба да го испратам на дополнителни скрининзи и испитувања, нема термини. А кога ќе има термини кога детска клиника остана без лекари, кога сите се разбегаа. За да се поправи ова нема зошто да се залажуваме дека тоа е директорот е крив дека е министерот крив, дека е премиерот крив, парите и неразрешените имотни правни односи каде што е зградата сместена-вели Манчевска.
Додека се најде решение, општина Ѓорче Петров и министерот Филипче се решат што ќе прават, 3 илјади пациенти на амбулантата во Ѓорче Петров, и понатаму ќе се прегледуваат во мизерни услови.