Во училишните клупи и дворови, помеѓу часовите, на големите одмори, но и надвор од образовните установи – пцуење, тепање, понижување и потсмев од своите врсници доживеале голем број на ученици во македонските училишта. Насилството помеѓу врсниците е секојдневна појава, но малку се зборува на оваа тема.
– „Па има во секое училиште, ќе му речат на некој ученик да дојде после училиште, се собираат и се тепаат. Обично е надвор од училиштето, бидејќи доколку е во училиштето ќе интервенира обезбедувањето. Се собираат повеќе деца и со голи раце се тепаат“ – Ученик во основно училиште.
– „Бев сведок на неколку тепачки, но тоа не е организирано како игра туку баш како тепачка, доаѓаат со целосна опрема, со боксерски ракавици, сепак е многу страшно бидејќи може да премине во друга крајност. Неколку деца од моето школо се договорија така, но за среќа не заврши толку страшно. Професорите воопшто не разбраа бидејќи беше надвор од училиштето“ – Дарко Димзов – Ученик во основно училиште.
– „Сметам дека професорите додека проблемот не стане голем, не го забележуваат како нешто многу битно, бидејќи мислам дека сметаат дека доста нормална појава е булингот, мислат дека поминуваме низ пубертет низ таков период и го гледаат како нешто не многу опасно, иако јас мислам дека е многу опасно“ – Невенка Павловска.
Учениците кои се жртви на насилство од своите врсници може да имаат сериозни и долготрајни последици врз нивното психичко, но и физичко здравје. Во најлош случаj долготрајниот булинг може да заврши и со самоубиство на жртвите, потенцираат од младинскиот образовен форум. Колку побрзо се спречи злоупотребувањето, толку е подобро за жртвата, но од младинскиот образовен форум сметаат дека системот не знае да го препознае булингот и дека надлежните реагираат кога веќе е предоцна.
Наместо министерката Царовска да се сконцентрира овие денови да подобри делови од нејзиниот сектор, да ги намали, реши или да исчезнат проблемите со булингот на децата, да се изнајде соодветно решение за учениците кои го прават или за учениците кои го преживуваат булингот. Царовска како прв човек во МТСП за тоа не размислува ни на крај памет, ама за да се даде подршка на група неподобни во општеството на група шарени, тоа за неа не е никаков проблем. Нема проблем во подршка и давање права на „оштетено гордите“ но да се замисли и реагира за правилен развој на новите генерации за оваа министерка, Мила Царовска е вон разумот, таа по стапките на своите колеги Филипче и Заев го пустоши министерството и го осакатува народот.
Кога ќе сносите одговорност, кога ќе си заминете? – прашуваат загрижени родители за своите деца и нивната иднина