Скопската Брза помош има речиси тројно помалку екипи од пропишаните стандарди од СЗО. Во една смена од 12 часа на 750.000 граѓани на располагање им се 6 тимови од лекар, сестра и возач. Доколку се обезбедува некој настан се намалувал бројот на екипите за на терен.
Мехмедовиќ се надева дека со новиот конкурс за лекари кој е во тек до крајот на годината ќе успеат да формираат барем 10 тимови во смена и да се доближат до таргетот на СЗО.
-Првиот конкурс заврши, тројца лекари веќе ги вработивме, а со новиот конкурс кој е во тек ќе ангажираме уште 20 лекари, додаде д-р Мехмедовиќ, директор на Здравствен дом Скопје.
Освен тоа што недостасува кадар и што не ги исполнуваат условите ниту минимумот на доктори според СЗО, Брзата помош кубури и со амбулантни возила. Просечната старост на возилата е 11 години, и ги има дали 10 на број кои ги опслужуваат граѓаните на главниот град, односно се функционални. Додека според СЗО на секои 12 илјади жители треба да има по едно амбулантно возило или преку 40-тина функционални возила во градот, да не збориме колкава треба да биде бројката во државата.
Никој од власта, најмалку министерот Филипче обрнува внимание на овие „ситници“, тоа за него е еднакво на 28-те лица кои починаа сезонава од сезонски грип или 5-те жртви кои ги зема епидемијата на морбили која министерот ја држи активна и покрај тоа што сите показатели посочуваат дека не е така.
Граѓаните револтирани и нервозни поради негрижата на власта за нивните основни медицински и здравствени потреби, за немањето слух, за недоволниот број на возила во ИМП, за немањето на доволно кадар во Брзата Помош, но и по клиниките низ државата. Оваа власт не заслужува да биде наречена власт поради непревземањето грижа околу своите сограѓани, ниеден политичар од актуелната власт не заслужува да добие продолжен, а не повторен мандат. Оставка на власта, оставка на сите министри!!! – граѓаните со револт посочуваат.