Шеесетгодишна пациентка на која ѝ била извршена успешна трансплантација на бубрег на скопската Клиника за урологија, според обвинувањата на нејзиниот сопруг, неочекувано починала затоа што затаил постоперативниот тек.

Тој обвинува дека на неговата сопруга лекарите ѝ ја смениле неопходната терапија, само за клиниката да заштеди на лекови.

Во меѓувреме, пациентката цело време примала инфузија, по што од стомакот ѝ биле извадени 15 литри вода.

Од тие причини, како што вели сопругот, добила инфаркт.

Но, тоа не е единствен случај што го тресе јавното здравство.

Семејство на почината пациентка ги донирало нејзините органи за да се спаси нечиј живот, но апсурдно било тоа што нејзиното тело целото искасапено му било вратено на семејството, и тоа два дена по погребот!?