Во текот на денешниот ден осамна информацијата за докторот од Битола кој несовесно си ја вршел својата работа. Др. Поповски и покрај дадената Хипократова заклетва и долгогодишното искуство денес си заработил кривична пријава поради постоење на сомневање дека несовесно лекувал болни лица како и вршел тешки дела против здравјето на луѓето. СВР Битола денес со вакво обвинение покрена кривична пријава против Дениел Поповски, долгогодишен доктор во болницата во Битола. Во 2017-тата година во болницата во Битола именуваниот доктор, постапувајќи несовесно при микроскопски преглед на примерок од пациент, дал дијагноза, врз основа на која било предизвикано тешко нарушување на здравјето на пациентот. Со тоа предизвикал страв кај поголемиот дел од пациентите кои ја посетуваат оваа болница, а воедно се ставила под знак прашалник и компететноста на Дениел Поповски како доктор.
Дениел Поповски инаку е доктор од редовите не СДС кој активно зема учество во сите партиски активности, но сето тоа и дебело го наплатува, имено тој е член на Извршниот одбор на Лекарската комора на Македонија, член на управниот одбор на Клиниката за Гастроентерохепатологија, односно подршка на актуелната претседателка на ЛКМ, Калина Старделова која е исто така од редовите на СДС и сопартиец на Др. Поповски. Оваа година Дениел Поповски „случајно“ е избран за доктор на годината и му е доделена Повелба, највисокото признание од Македонското Лекарско Друштво. Ако станувало збор за компетентен доктор зошто истото признание не му било доделено претходно?
Тука се поставува само по себе прашањето од јавноста, од пациентите од сите оние кои имаат потреба од медицинска помош во Клиничката болница во Битола: Како тоа доктор како Дениел Поповски, со толку функции кој сам себеси се наметнувал како доктор кој значи и вреди во својата област, после ваков скандал сеуште не е никако санкциониран од ЛКМ, од МЛД? Дали треба да се дозволи после ваквите обвнинувања и актуелна кривична пријава Др. Поповски да продолжи да работи и да се грижи за здравјето на пациентите? Ако веќе еднаш се востановило дека згрешил, како тоа не е иземен од работните задачи и санкциониран за да не се повтори тоа на некој друг пациент? Зошто директорот на Клиничката Болница во Битола Др. Зоран Лазаров го држи сеуште на фунцкија актуелниот Др. Поповски? Дали се такви партиските наредби? Дали тоа значи дека партиските доктори од редовите на СДС не се подложни на законот? Дали не треба самиот доктор, после ваков скандал да си поднесе морална оставка како од својата функција во клиничката болница во Битола така и од позициите во ЛКМ и како член на УО на Клиниката за Гастроентерохепатологија?
Дали и зошто не превзема ништо претседателката на ЛКМ, Калина Старделова за својот сопартиец? Кога ќе биде тој санкциониран и отстранет според неа? Зошто сето ова од 2017-тата година го крие и прикрива и министерот за здравство г-нот Венко Филипче, воедно и претседателот на владата, Зоран Заев? До кога оваа власт на нечовечен начин, ќе раководи со најкревкото и најбитното министерство од сите, министерството за здравство? До кога ќе се третираат како секојдневие тортурата врз пациентите и болните како и уништувањето на еден претходно изграден систем на вредности во кој пациентот бил на прво место? Кога ќе почне да сносат одговорност докторите на СДС за своите (НЕ)дела?
Др. Дениел Поповски е само еден од многумината, каде е и кога ќе сноси одговорност докторот кој згреши и во негова смена и на негова операциона маса почина родилката на ГАК? Каде е и кога ќе сноси одговорност директорката на ГАК, Јовановска за 122-те починати новоорденчиња изминатата година? Каде е и кога ќе сноси одговорност министерот Венко Филипче за преку 28-те починати лица во изминатата сезона од сезонски грип? Каде е и кога ќе сноси одговорност министерот Филипче за недозволувањето на Ева да се лечи во странство и да си го продолжи животот под изговор дека нема средства, а во истиот момент владата и министерството купуваат лубриканти, прават физибилити студии за катни гаражи кои никогаш не се прават? Кога ќе има СТОП за сите вакви случаи, како и кога ќе се започне со одговорност и тие што згрешиле ќе одговараат или со оваа власт докторите од редовите на СДС се заштитени како поларни мечки?
Поради ваквите пропусти јавноста бара оставка од Др. Поповски, од министерот Филипче, од Зоран Заев како и од севкупната власт со сите раководители и функционери, за да грешките престанат и никогаш повеќе не се повторат!