Денес беше облачно со повремен дожд и посвежо особено на југозападот каде што имаше пообилни врнежи од дожд проследени со повремени грмежи. Во текот на утрешниот ден и четврток ќе се задржи стабилно и суво, а температурите брзо ќе се покачат. Кон крајот на неделава во попладневните часови повторно ќе има појава на локални врнежи и грмежи.

Прогноза за 17.07.2019
Минимална температура: 9°C до 18°C
Максимална температура: 22°С до 30°C
Сончево со умерена облачност и со умерен северен ветер. УВ=6

Прогноза за 18.07.2019
Минимална температура: 9°C до 17°C
Максимална температура: 24°C до 32°C
Променливо облачно со сончеви периоди. УВ=8

Прогноза за 19.07.2019
Минимална температура: 10°C до 19°C
Максимална температура: 23°C до 33°C
Сончево со мала до умерена облачност, попладне во планинските региони со услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. УВ=7