Сме слушнале безброј приказни за мааните на нашиот здравствен систем. И секогаш кога во иднина некој ќе се обиде да ве убеди дека не е толку страшно, сетете се на приказната на оваа Американка што престојувала во Исланд и напипала грутка.

Ова е приказната која на „Твитер“ ја раскажа Мери Робинет Ковал.

„Додека живеев во Исланд, најдов грутка. Немав идеја како да пронајдам лекар, па отидов до менаџерот на нашето шоу.

Јас: Најдов грутка. Можете ли да ми помогнете да најдам лекар?

Менаџерот: Само оди до Центарот за рак.

Јас: ОК. Како да добијам упат?

Менаџерот: Што е тоа упат?

Откако објаснив што е упат, тој изгледаше збунето.

Менаџерот: Само оди до Центарот за рак.

Јас: Ама… упат?

Тој ми дава телефонски број од Центарот за рак. Се јавувам и им објаснувам.

Центарот: Грутка, аха, да… Треба да дојдете.

Јас: Зарем не ми треба упат?

Центарот: Што?

Прифаќам дека не ми треба упат и велам: Како да закажам?

Центарот: Да закажете? Да, можеме да ви закажеме ако сте многу зафатени, инаку, само дојдете.

Јас: Не треба да закажувам?

Центарот: Сте напипале грутка! Вие го познавате своето тело, зарем не? Дојдете.

И јас одам. Сестрата ми се извинува затоа што не сум од Исланд, па морам да платам. Чини три круни. Тоа во тој момент е три долари. Плаќам и седнувам да чекам.

Центарот: Ковал?

Јас: Веќе?

Центарот: Сте нашле грутка.

Ме придружува до ординацијата за преглед и го испитува со допир тој дел.

Центарот: Да, тоа е грутка. Ајде да направиме мамограм.

Чекам да слушнам како да закажам.

Центарот: Тука е, низ ходникот. Ве молам, следете.

Во таа зграда бев околу 20 минути во тој момент кога ме втурнаа на мамограм – КОЈ ИМАШЕ ГРЕЕЊЕ – и таа си ја врши својата работа.

Центарот: Имате нешто овде, во право сте. Сакам да погледнам и на ултразвук. И потоа ме води до следната врата.

Прави ултразвук и потоа ми вели да се облечам и да дојдам до чекалната. Тргнувам кон соблекуваллната, се облекувам и доаѓам до чекалната. Седнувам да ја почекам

Центарот: Ковал?

Јас: Веќе?

Центарот: Само циста.

По 45 минути во исландскиот Центар за рак и три круни помалку имав одговор. Во Америка за преглед на слична грутка потребни се околу две недели и три посети на различни лекари. Мислам на тоа секојпат кога морам да се расправам околу здравственото осигурување во Америка.

Mary Robinette Kowal

@MaryRobinette

Me: I found a lump. Can you help me find a doctor?
PM: Just go to the cancer center.
Me: Okay. How do a get a referral?
PM: What’s a referral?

П.С. Го користев презимето, но сигурна сум дека цело време ме викаа по име, бидејќи – Исланд.

П.П.С. Зошто сите мамографи немаат грејачи?

П.П.П.С. Реков 3 круни, а всушност се 300 круни. Погрешив во објавата поради конверзијата во мојата глава, но поентата е дека тоа навистина чини околу три долари