Министерството за здравство не се откажува од идејата општата болница во Кочани да стане Државен центар за ампутации. Кога и како ќе се случи трансформацијата се уште се анализира.
Се утврдува кадровската екипираност, начинот на транспорт и постоперативната грижа за пациентите. Пренамената е во рамките на проектот за регионализација на здравствените услуги најавен пред неколку месеци.
Проблемот со одржување на објектите ќе се решава со јавно приватно партнерство, а пациентите ќе се препраќаат во Клиничката болница во Штип. Таа додека да стартува овој концепт би требало да добие и нова зграда. Во тек се активности околу поставување на фасадата и електриката. Рокот е јули наредната година.
Планот да патуваат во Штип не им се допаѓа на граѓаните од Кочани, но и останатите градови од источниот регион. Сметаат дека може нема да им поскапат здравствените услуги но ќе им се зголемат сите останати трошоци.