И по осум месеци за случајот со спорните вакцини против морбили – јавното обвинителство не успеало да ја добие потребната документација што ја бара од агенцијата за лекови.
Документацијата е потребна за да може спорните вакцините да се испратат во лабораторија и да се види дали само декларациите биле со згрешен односно истечен рок или пак вакцините биле фалсификувани.
Од јавното обвинителството велат дека и покрај барањата, агенцијата за лекови се уште ги нема доставено потребните и затоа сега праќаат ургенција.
„Од страна на надлежниот јавен обвинител до Агенцијата за лекови и медицински помагала беше испратена и ургенција за постапување и доставување на неопходната документација. Веднаш по доставувањето на документацијата ќе се продолжи паралелно со двете вештачења на вакцините. “ – велат од обвинителството.
Скандалот со МРП вакцините изби зимава среде епидемијата на морбили. Над 500 вакцини ширум земјава беа пронајдени со декларации со изминат рок. Фирмата увозник „Македонија Лек“ тврдеше дека само налепницата со рокот е згрешена, а дека составот на вакцините е исправен.
Министерството за здравство и министерот Филипче најавуваа санкции и за фирмата и за здравствените установи кои воопшто не ги забележаа спорните вакцини, но досега никој не понесе одговорност за овој скандал.
Тука јавноста си го поставува прашањето: Колку се веродостојни или чисти и квалитетни вакцините кои ги примија повеќе од 30.000 илјади граѓани во Македонија од кои поголемиот дел се деца? Колку тоа ќе ги заштитити од морбили вирусот во иднина, дали некој проверил и да посочи од министерството за здравство со кој титар на антитела располагаат вакцинираните, со што би се покажало дека вакцините се добри се во ред и добро е да се примат? И при тоа да нема манипулации или обиди за манипулации од министерот Филипче како „божемскиот“ обид за вакцинација на неговата внука, кој потоа призна дека не е точен, го изглумил, ама сето тоа било со добра цел, до кога вака?
Реално да се докаже и посочи дека нема никакви проблеми со вакцините како и на кој начин истите ќе ве заштититат од вирусот на морбили, колку се ефективни? До кога министерот Филипче ќе манипулира со јавноста и ќе ја принудува да ги извршува неговите усни наредби, присилни и принудни вакцинации, до кога ќе има забрани за влез на децата во градинките и училиштата, а никаде нема да има доказ дека вакцините се во ред?
Власта не функционира, вакцините 8-ум месеци не се проверуваат, системот не функционира, обвинителството не добива матријали да ги провери вакцините и нивниот состав, компанијата инволвирана во целата матна ситуација „Македонија Лек“ заедно со министерот Филипче по се изгледа се над законот и за нив не важат правилата и нормативите на општеството и тие не се еднакви со останатите граѓани во Македонија. – Коментираат револтирани родители кои ги вакцинирале своите деца или се принудени да ги вакцинираат, социјалните мрежи вријат.