„Триото Заев – Дончев – Филипче на здравството и на здравствениот систем гледаат единствено како на приватна фирма. Ако има пари добро, ако нема пари, да се затвори или да се продаде“, вели на прес конференција Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Наместо да развиваат вистински концепт за јавно приватно партнерство, каде што би постоел и интерес за јавните здравствени установи со зајакнување на нивните капацитети, спроведоа концепт кој што пропадна по 6 месеци. Со ова единствено што направија, ги распродадоа професионалците од јавното здравство да трчаат по приватни болници или да трчаат во странство“, тврди Николов.