Учебници на кои буквално им фалат парчиња од страниците, распаднати па лепени со селотејп, како и изгужвани и валкани, добила ученичка во петто одделение, во Основното училиште Кирил Пејчиновиќ во Скопје.
Родителите се револтирани од учебниците кое ги добило нивното дете, коментирајќи дека нивната ќерка е разочарана, но и е невозможно да учи од нив.
Оштетени учебници добиле уште многу ученици, чии што родители се јавија во нашата редакција.
Според Правилниот на Министерството за образовани и наука, ученикот по завршувањето на наставната година треба, најдоцна до крајот на месец јуни во тековната учебна година, да го врати комплетот на учебници неоштетен на одделенскиот, односно раководителот на паралелката. Доколку учебникот е оштететен или изгубен, родителот треба да ја плати штетата.
Токму затоа министерствот секоја година објавува ценовник за оштетени или изгубени учебници. Цените се движат од 29 денари, па се до над 500 денари.