Беше прашана заменик министерката за образование Елизабета Наумовска што ќе биде со децата кои не се примени во училиште заради вакцинален статус?
-Бројката на деца во општина Битола без вакцинален статус ја немам. Просветниот инспекторат и Министерството за образование прибираат податоци од страна на училиштата, кои што треба да ги достават за бројот на деца кои што не се вакцинирани и не се запишани.
Она што во меѓувреме го договараме е тие ученици условно да бидат примени во училиште за да не трпи наставата. Меѓутоа кога се работи за безбедноста и здравјето на сите ученици, мислам дека родителите ќе мора да сватат дека обврската за учениците да посетуваат задолжително основно и средно образование е задолжителна, а еден од условите за упис е и вакциналниот статус. Нас во училиштата ни требаат здрави ученици . Остануваме на ставот вакцина мора да има, рече заменик министерката за образование Елизабета Наумовска.