Дали треба да се протестира или да се дебатира за насилството врз лекарите е прашање кое ги скара белите мантили. Откако Здружението на млади лекари најави дека во среда организира протест поради тоа што во само неколку дена имаше дури 4 напади на лекари од Лекарската комора поради тоа стигна абер дека денеска ќе има дебата на истата тема. Тоа од Здружението на млади лекари го толкуваат како обид да се саботира протестот.
„ЛКМ отворено работи очигледна политичка агенда, денес организираат дебата на Медицински, која се случи во 10 часот, на која присуствуваа министри за здравство, МВР и правда, а АСМЛ и Синдикат не беа поканети!
Апел до ЛКМ: да знаете дека протестот ќе се случи, а вие повеќе не сте добредојдени! напиша на Фејсбук Ненад Лазаров од Здружението.