„Доста е! е мотото под кое денес здравствените работници ќе протестираат, ќе кренат глас. Стоп за насилството врз здравствените работници“ денеска во 11 часот ќе се одржи протест на здравствените работници, инициран од неодамнешните напади во неколку здравствени установи и и како потсетување на се поголемата зачестеност на ваквите напади.
Организатор е Асоцијацијата на млади лекари специјализанти, а поддршка дадоа Синдикатот на клиничкиот центар, здружението на акушерки, сестри и останат медицински персонал како и други здруженија на здравствени работници и министерот за здравство Венко Филипче, кој е од фелата и најави дека ќе земе учество на протестот.
Протестот ќе биде на повеќе локации: Клинички центар на Хелиодром, пред ГОБ 8ми Септември, пред Стара Градска болница, пред поликлиники и Здравствени домови, пред ординации, пунктови, во периодот кој е предвиден за пауза од 11 до 11.30 часот.
Според статистиката што ја објавија во изминативе 9 месеци се случиле дури 15 случаи на напади врз докорти.
Последните неколку беа овој месец, во Поликлиниката Драчево, во Тетово и во Кавадарци и последниот во поранешната градска болница „Свети Климент Охридски“, кога интервенираше и полицијата, а еден од напаѓачите беше и приведен.