До сега сигурно верувавте дека само со избегнување на одредена храна ќе ослабете, без да сте запознаени со намирниците кои имаат негативни калории.

Што всушност претставува негативниот калориски баланс?

Одговорот е едноставен – се работи за намирници кои на телото му овозможуваат помалку калории отколку што троши, а го држат сито и енергично.

Која храна има негативни калории?

Тоа се сите намирници со низок глихемиски индекс, а висок процент на влакна кои заситуваат.

Овошјето, зеленчукот и лековитите билки се наоѓаат на оваа листа на намирници. Тие ја подобруваат работата на метаболизмот и произведувањето на ензими, а со тоа го активираат телото да ги троши наталожените резерви.

Зеленчук кој се препорачува: аспарагус, боранија, репка, прокељ, зелка, морков, карфиол, целер, ротквици, краставици, грашок, кинеска зелка, праз, марула, цикорија, спанаќ, домат.

Овошје кое се препорачува: јаболка, капини, брусница, грејпфрут, лимон и лимета, малини.

Зачини и лековити билки кои се препорачуваат: цимер, каранфилче, чили, коријандер, ленено семе, лук, ѓумбир, кромид, магдонос.

Овие намирници имаат повеќе позитивни влијанија врз телото, а ова се само дел од нив:

– Ја подобруваат работата на метаболизмот

– Го зголемуваат нивото на енергија

– Го стабилизираат нивото на шеќер во крвта

– Го подобруваат варењето и чистењето на дебелото црево

– Го чистат црниот дроб, со што варењето на масти е поефикасно

– Ги спречуваат воспаленијата во телото

– Го намалуваат нивото на холестерол во крвта

– Ја подобруваат концентрацијата

– Ги ублажуваат стресот, анксиозноста и депресијата

– Го подобруваат сонот

– Ја подмладуваат кожата, ја обновуваат косата и ги зајакнуваат ноктите

Важно: За да дојде до значително губење на тежината неопходно е да јадете до 2 килограми од наведената храна. Треба да ја јадете свежа и непреработена.

Блендирањето е дозволено само ако храната се јаде веднаш, а се прифаќа само сировиот облик на храната или кратко проварување.

Исто така, оваа храна не би требало да ја консумирате заедно со мрсни, високо калорични или претерано слатки намирници.