Уште еден случај на заболен од Хепатит Ц, е откриен на ортопедското одделение во Штипската клиничка болница. Со ова, бројката на заболени од овој опасен вирус се искачи на 11.

Надлежните се уште работат на откривање на изворот на заразата. Вклучени се и епидемиолозите од центарот за јавно здравје од Штип , но и санитарни и здраствени инспектори, кои ја вршат втората вонредна контрола.

По речиси три месеци од откривањето на првиот случај, се уште не се знае како е заразиле пациентите на штипска ортопедија. Заболените се на средна возраст, но има и повозрасни, дел од нив се оперирани.

Во понеделник, треба да пристигнат и епидемиолозите од Центарот за јавно здравје од Скопје, кои ќе треба да им помогнат на своите колеги во откривањето на заразата.

Во тек се епидемиолошки анкети со сите пациенти кои биле хоспитализирани на штипска ортопедија. Процес, кој според епидемиолозите ќе трае подолго време. Инаку, првиот пациент заболен од Хепатит Ц беше регистриран во јули.