Земјата на Аронија е Северна Америка. Името на растението потекнува од грчки јазик и значи корист, помош. Досега има над 15 видови на Аронија. Фитохемикалиите во аронијата се борат со слободните радикали во телото кои се формираат како резултат на природните процеси во нашите клетки. Антоцијанидините ги штитат крвните садови на мрежницата и помагаат да се одржи доброто окуларно здравје. Овие антиоксиданти ја спречуваат оксидацијата на мастите и формирањето на плакети на холестерол во артериите.
Хемискиот состав е богат. Плодовите содржат витамини А, C, P, B. Аронијата има антиоксидативен ефект, кој се должи на високите содржини на полифеноли флавоноиди, вклучувајќи антоцианидини и рутин.
Аронија го подобрува функционирањето на кардиоваскуларниот систем. Редовната употреба на сок од аронија, во комбинација со соодветна исхрана се користи за превенција и третман на кардиоваскуларни проблеми – кај луѓе со фамилијарна предиспозиција, висок холестерол, хипертензија, атеросклероза.
Студија направена кај пациенти кои минале срцев удар, покажува дека при употреба на екстрактот од аронија, таа го намалува воспалителните процеси во телото и го намалува нивото на крвниот притисок. Аронијата е одличен избор за спречување на кардиоваскуларните заболувања.
Аронијата има корисен ефект врз поставата на желудникот. Проантоцианидинте имаат протективно дејство врз гастричната мукоза, укажувајќи и слаб инфламаторен ефект, помагаат при лекувањето на гатрити, чирови и стомачни киселени.