Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерот за образование и наука Арбр Адеми, заменик-министерот за здравство Асим Муса, преставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс и британската амбасадорка Рејчел Галовеј ќе го посетат Центарот за функционална проценка и поддршка на деца и млади.

Во Центарот кој се наоѓа во поранешниот дом „11 Октомври” во населбата Капиштец, се применува новиот модел на проценка на децата со попреченост (МКФ) кој овозможува анализа на потенцијалот на детето и што тоа може да постигне, но и кои се пречките во средината кои му создаваат бариери, да го постигне својот целосен потенцијал.