Кога ќе забележиме некое влакно на непосакувано место, најчесто веднаш посегнуваме по пинцета.
Но, во некои случаи отстранувањето на непосакуваните влакна од одредени делови на телото, наместо со пинцета потребно е да се замени со ножица.
На тој начин би спречиле ситни повреди и инфекции.
Ова се случаи каде не би требало да користите пинцета:
1. Бенки
Кубењето на влакната кои растат во близина на бенките може да предизвика воспаление, па дури и инфекција на бенките, доколку при користењето на пинцета ја повредите нивната површина.
2. Брадавици
Градите генерално гледано се осетливи, а брадавиците се нивниот најчувствителен дел. Кубењето на влакната околу брадавиците со пинцета може да ја надразни чувствителната кожа и да ги оштети фоликулите на влакната.
3. Нос
Влакната во носот играат важна улога за човековото здравје, па секако дека нивното отстранување не смее да се прави со било какви средства, особено не со пинцета. Тие го спречуваат влезот на прашина и разни бактерии во нашиот нос. Доколку одредени влакна сепак ви пречат, обидете се да ги скратите со ножица, притоа внимавајќи да не се повредите.