На повеќето луѓе, една од поомилените работи во животот им е спиењето, но дали знаете дека позицијата во која спиете многу влијае на вашето здравје?

Неодамнешни истражувања откриваат дека спиењето на левата страна од вашето тело може значително да го подобри здравјето на многу органи.

6 потенцијални придобивки од спиењето на лева страна:

1. Ја подобрува функцијата на лимфниот систем

Лимфниот систем игра важна улога во вашиот организам отстранувајќи ги отпадоците и токсините од сите други системи. Експертите велат дека градниот канал кој е најголемиот лимфен сад се наоѓа на левата страна. Токму затоа, кога спиете на лева страна, телото полесно и поефикасно се ослободува од токсините.

zoshto-e-dobro-da-spiete-na-levata-strana-1.jpg

2. Слезината многу подобро си ја врши работата

Слезината е најголемиот орган во лимфниот систем и е сместен на левата страна. Кога спиете на оваа страна, слезината работи многу поефикасно. Основната причина за ова е гравитацијата заради која има поголем проток на крв во самата слезина и заради која подобро се филтрираат нечистотиите од организмот.

zoshto-e-dobro-da-spiete-na-levata-strana-2.jpg

3. Промовира правилно елиминирање на отпадните производи

Поврзувањето меѓу тенкото и дебелото црево е сместено на левата страна од телото, во област позната како илеоцекален вентил. Кога спиете на левата страна, гравитационите сили помагаат отпадните материјали побрзо да преминат од тенкото црево во дебелото.

zoshto-e-dobro-da-spiete-na-levata-strana-3.jpg

4. Се намалуваат желудочните киселини

Ако страдате од желудочни киселини, добро е да спиете на левата страна, бидејќи на тој начин спречувате киселините од желудникот да преминат во хранопроводот.

zoshto-e-dobro-da-spiete-na-levata-strana-4.jpg

5. Не го оптоварувате црниот дроб

Бидејќи црниот дроб е сместен на десната страна, ако спиете на оваа страна вршите повеќе притисок на самиот орган. Но, ако спиете на левата страна, токсините и другите штетни материјали нема да го оптоварат овој орган.

zoshto-e-dobro-da-spiete-na-levata-strana-5.jpg

6. Добро е за срцето

Левата страна на срцето добива крв од белите дробови и ја пумпа кон остатокот од телото. Токму затоа, ако спиете на вашата лева страна му помагате на срцето подобро да си ја врши својата работа.

zoshto-e-dobro-da-spiete-na-levata-strana-6.jpg