Премногу шеќер и индустриски преработена храна се главни виновници за масовната епидемија на дебелеењето. Клучот за враќање на витата линија се крие во медот, смета познатиот нутриционист Мајк Мекинес.
“Дури храната која е преработена така да има помалку масти полна е со скриен шеќер и бело брашно, кое телото брзо го преработува во шеќер. Тоа значи дека нивото на шеќер во крвта нагло расте во текот на целиот ден. Телото треба да се носи со навалицата на шеќер со испуштање на се поголеми количества инсулин, кој го филтрира шеќерот од крвта и го таложи како сало“, објасни Мајк Мекинес, кој откри дека единствено комбинацијата на шеќерот во медот медот го чини речиси совршена храна за слабеење.
Важно е улогата на специјализираните ќелии на мозокот кои внимаваат го контролираат нивото на шеќер во мозокот. Нивна задача е да го снабдат мозокот со точно потребната количина гориво, односно шеќер. Ако јадете богата храна, “пумпите“ на овие ќелии ќе се закочат за да го заштитат мозокот од навалицата шеќер. Оваа заштита на мозокот од преголемо количество шеќер делува одлично ако човек само повремено се храни со храна богата со шеќер, но кај модерната исхрана навалицата шеќер е постојана и се поголема во текот на целиот ден, така што мозокот поради тој “прекин на работа“ на пумпите се изгладнува.
А “гладниот мозок“ е под стрес. Од очај може да прати коктел на пораки за да добие шеќер од кој и да било извор“, вели Мајк Мекинес . Некои од овие хемикалии предизвикуваат снажна глад за шеќер и кругот на прејадување се продолжува.
Медот го решава проблемот!
Истражувањата на научниците од Дубаи покажува дека лажичка мед, за разлика од онаа што е полна шеќер, го снижува нивото на шеќер во крвта.
Клучно е тоа што медот не предизвикува заштитните ќелии во мозокот т.н. гли ќелии да го предизвикаат запирањето на работата на пумпите“, па мозокот и понатаму ја прима нормалната количина енергија и работи оптимално.
Што точно да се направи?
Не заборавате дека со секој изеден грам шеќер добивате два грама телесна маст. Од исхраната исфрлете ги сите шеќери и вештачки засладувачи, вклучувајќи ги оние скриени во преработената храна (слатки и солени јадења)
Наместо тоа, започнете го денот со една или две лажички мед во шолја вода, не врела, млака. Потоа користете го медот во чај или кафе. Медот е отприлика двапати посладок од шеќерот, така што ќе треба да ставате половина помалку.
Централното место на овој план е денот да го завршите со мед (една или две лажички мед во топла вода ), и тоа 30 минути пред да си легнете во кревет. Така телото ќе функционира на оптимално ниво и подобро ќе го согорува масното ткиво.
Но, сепак не претерувајте – премногу мед ќе го подигне нивото на шеќер во крвта, а со тоа и нивото на инсулин, и така ќе ја поништите сета корист.