Три одлични причини зошто треба да јадете ѓумбир.
Ѓумбирот е намирница без конкуренција по прашањето здравје, а еве кои придобивки ги има за нашиот организам!
Ѓумбирот го најде своето место на списокот состојки на бројни јадења, а честопати се додава и во чаеви и смути. Покрај убавиот вкус, за тоа се заслужни и неговите бројни здравствени придобивки.
Делува антиинфламаторно
Ова е една од најпознатите делувања на ѓумбирот. Редовното консумирање го намалува воспалението, благодарение на антиоксидантите од ѓумбирот. Антиоксидансите исто така ја прочистуваат крвта.
Извор на витамин Ц
Ѓумбирот им помага на клетките во борбата против слободните радикали и го поттикнува зголемено производство на колаген. На тој начин тој придонесува за убавината на кожата, но и за здравјето на сите клетки во телото.
Го намалува крвниот притисок
Тоа е факт во кој се увериле многу луѓе кои страдаат од висок крвен притисок. Со редовното консумирање на ѓумбир доаѓа до значително намалување на крвниот притисок.
Ако вкусот на ѓумбирот не ви одговара, секогаш можете да го ублажите со мед.