Се уште е живото загрозувачка состојбата на три и пол годишното дете кое пред два дена падна заедно со терасата од родната куќа.

Детето е на КАРИЛ, докторите велат дека првично се уште не е промената состојбата. Момчето со тешки повреди било донесено на клиниката, заедно со неговата шест годишна сестра и две годишен брат и таткото кои биле заедно на терасата.

Двете деца и таткото биле пуштени на домашно лекување со полесни повредеи. На улицата „Лука Геров“ во скопско Геге кај роднините и соседите надеж дека ќе слушнат добра вест за детето, иако се свесни за повредите.

Извитканите железа од арматурата на висина од околу четри метри од првиот кат сведочеа за страшната несреќа. Од семејството не сакаа пред камера да зборуваат. Дел од роднините велат дека се случило наеднаш и слушнале силен тресок на земјата пред куќата. Немите лица гледаа во терасата и се прашуваа за причината за целосното отцепување на терасата од куќата.

Од МВР велат дека несреќата ќе ја истражува јавен обвинител и ќе се бараат причините за несреќата.