Масажа е употреба на систематска манипулација на меките ткива во терапевтски цели. Истата се користи за лекување веќе илјадници години.
Допирот е природна човечка реакција на стрес и болка за пренесување на сочувство и поддршка. Затоа, секој пат кога ќе се удриме реагираме рефлексно и веднаш ја допираме болната област за ублажување на болката.
На кои начини масажата може да ни помогне со здравјето на нашето тело?
Подобрување на циркулација
Слаба циркулација е сериозен проблем. Повеќето луѓе го игнорираат овој проблем, но треба да знаете дека слабата циркулација може да доведе до големи здравствени проблеми.
Масажата е одличен начин за подобрување на циркулацијата на вашето тело. Поточно, масажата ја подобрува циркулацијата, која му овозможува на телото да носи повеќе кислород во ткивата и виталните органи.
Со зголемување на циркулација на крвта и лимфата се подобрува состојбата на најголемиот човечки орган – кожата.
Дозволете си квалитетен сон
35% од светската популација страда од несоница, што значи повеќе од една третина од луѓето што живеат на планетата! Несоница има многу неповолен ефект врз телото и го прави организмот поподложен на воспаленија и зарази.
Често се поврзува со хронични болести, како што се дијабетес, кардиоваскуларни болести, депресија, па дури и дебелина. Сите овие тврдења се логични, бидејќи без добар и квалитетен сон му отежнуваме на телото да се одмори и опорави.
Истражувањата покажаа дека масажата е одличен природен лек за несоница. Масажата делува на мускулниот, нервниот и лимфниот систем, што овозможува квалитетен и подлабок сон.
Ја намалува болката во долниот дел на грбот
Хроничната болка во долниот дел на грбот е сè почеста во последно време, а некои ја нарекуваат болест на модерното време.
Повеќето луѓе го минуваат денот во седечка положба, без да обрнат внимание на погрешното држење на своето тело. Сето ова влијае на долниот дел од грбот и може да резултира со силна и остра болка.
Со цел да се избегнат болките терапевтската масажа може да ви помогне во голема мера.
Отстранете ги главоболките
Главоболките не се разликуваат од другите болки во телото. Терапија со масажа е најефикасен лек за главоболки.
Се масираат критичните точки, односно местото каде што мускулното ткиво е во грч. Овие критични точки се на рамената и вратот. Со масирање на овие точки се намалува тензијата, со што се намалува и главоболката.
Покрај тоа што го релаксира вашето тело и вашиот ум, постојат одредени физиолошки и психолошки промени кои се случуваат во вашето тело. Затоа масажата, не само што создава чувство на удобност и релаксација, туку може и да ве исцели.