Американски истражувачи од Универзитетот Атлантик од Флорида и Медицинскиот факултет Харвард анализираа 785 луѓе во текот на вкупно 5.164 дена и ноќи, евидентирајќи колку кофеин, алкохол и никотин внесуваат, пренесува Independent.

Тимот потоа ги спореди нивното трошење и резултатите од дневникот на спиењето на испитаниците. Студијата покажа дека никотинот и алкохолот влијаат врз сонот, кофеинот нема никакво влијание.

Д-р Кристина Спадола, од Универзитот во Флорида, рече дека до сега се изработени релативно малку испитувања кои  детално ја испитале поврзаноста помеѓу вечерната употреба на супстанциите и параметрите за спиење.
„Оваа студија претставува една од најголемите и најдолготрајни студии која ја анализира вечерната употреба  на алкохол, кофеин и никотин со објективно измерени исходи на спиење“, рече д-р Спадола.

Употребата на никотин или алкохол четири часа пред спиење резултира со послаб континуитет на спиење.
„Не забележавме нарушување на балансот помеѓу конзумирање на кофеин четири часа пред спиење со кој било од параметрите за спиење“, рече лекарот.

Научниците открија дека резултатите биле вистинско изненадување за тимот, но дека и не било новина тоа бидејќи имало и претходни докази како влијае кофеинот врз сонот.

Никотин е супстанцата која најсилно влијае врз нарушувањето на спиењето кај учесниците со несоница. Податоците покажаа, во просек, дека употребата на никотин пред спиење е поврзана со просечно намалување на времетраењето на спиењето од 42,47 минути.

Експертот за спиење, д-р Нил Стенли ги поддржа наодите на студијата, тврдејќи дека идејата за консумирање кафе пред спиење и несоница е само мит.
„Некои луѓе се многу чувствителни на ефектите на кофеинот и важно е овие луѓе да избегнуваат пијалоци што содржат кофеин пред спиење – но нема златно правило за тоа, само слушајте го вашето тело“, рече д-р Стенли.

Кај некои луѓе, ефектите од кофеинот се многу пониски и кај нив воопшто не може да има ефект.
„Ако со години наназад сте пиеле две чаши кафе секоја вечер, само сте развиле проблем со спиењето, тоа сигурно не е од кафето и кофеинот“, рече лекарот.

Претходно оваа 2019 година, посебна студија откри дека конзумирањето само две чаши кафе на ден, може да го продолжи вашиот животен век до две години.

Студијата објавена во Европското списание за епидемиологија откри дека умерено консумирање кафе, како што се две до три чаши на ден, е поврзано со намалена стапка на смртност од која било причина, додека тоа не може да се каже за луѓето кои не консумираат кафе.