Кога зборуваме за развој на мозокот, вообичаено мислиме на детскиот мозок. Но, дали може да се развива мозокот кај возрасните? Секако дека може.
За да бидеме “бистри” и во подоцнежните години, експертите предлагаат да ги правиме овие 14 вежби:
1. Учете странски јазик – не мора тоа да биде професионално, важно е да учите по збор или два дневно.
2. Решавајте загатки, играјте друштвени игри, крстозбори… – сето тоа му помага на мозокот да остане во добра состојба.
3. Рачна работа – бидејќи моторичката способност на рацете го развива помнењето и поттикнува размислување.
4. Водете дневник – со тоа и ќе запишете некои настани без отповарување за тоа дали ќе ги заборавите.
5. Методата на Цицерон – пред да си легнете, сетете се на сè што сте правеле во текот на денот. Секоја ситница. Од моментот кога сте станале, сте пошле до тоалетот па натаму. Со тоа секојдневно го вежбате мозокот и обезбедувате апсолутно помнење.
6. Питагорова метода – пред заминување во кревет, размислете за тоа што денеска сте направиле добро, а што лошо. Анализирајте ги своите постапки.
7. Правете ги работите поинаку – не дозволувајте мозокот да ви атрофира. Секој ден одете по друг пат до работното место. Обидете се да пишувате со лева наместо со десна рака и обратно. Туширајте се во темница. Предизвикувајте го вашиот мозок да работи, да размислува…
8. Цртајте – додека зборувате, додека разговарате на телефон, цртајте на лист хартија пред вас. Тоа ќе ви помогне да се фокусирате.
9. Комуницирајте со деца – нивната креативност ќе ве поттикне да почнете да размислувате за работите како нив.
10. Водете здрав живот – одете на спиење на време, спијте по 8 часа, пијте доволно вода, занимавајте се со спорт или шетајте; јадете овошје и зеленчук, како и риба.
11. Тренирајте ја вашата меморија – паметите броеви на телефони, датуми на раѓање итн.
12. Разговарајте со различни луѓе од вашето опкружување.
13. Слушајте музика – по можност тоа да биде класична.
14. Дишете – вдишете гранчиња рузмарин или етерично масло од рузмарин бидејќи тој ја поттикува креативноста.