ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО СТРУЧНАТА ЈАВНОСТ
Здравствени Институции, Доктори и Фармацевти

Реномираната Фармацевтска куќа „Реплек Фарм“ Скопје известува дека производот Ранитидин таблети од 150mgx20 е квалитетен, безбеден за употреба и останува достапен на пазарот за сите пациентите кои имаат потреба од истиот.

Врз основа на препораките од Европската Агенција за Лекови сите производители на готов лек Ранитидин треба да извршат контрола на присуство на нитрозамини (штетно онечистување), да го проверат квалитетот на својот готов лек, а посебно квалитетот на активната супстанца употребена во готовиот лек.

Врз основа на ова, Реплек Фарм во соработка со производителот на активната супстанца (кој не е на листата на забранети производители од ЕМА), ги доби потребните докази за квалитетот во постапките на синтеза до готово соединение и може да потврди дека нивото на присуство на нитрозаминте е пониско од границите на детекција.

Контролата е направена врз основа на валидирана аналитичка метода за определување на нитрозамините на голем број на произведени серии, при што може да се заклучи дека нема присуство на нитрозамини.

Од друга страна, Реплек Фарм како производител на готовиот лек во своите производни постапки не користи азотни соединенија (во ексципиенси и реагенси) и затоа потврдуваме дека:

Ранитидин таблетите од 150 mg се ефикасни, безбедни и сигурни за употреба и лекот останува континуирано присутен на нашиот пазар – може слободно да се препорачува од страна на докторите и да се издава во аптеките од страна на фармацевтите.

Реплек Фарм ке продолжи и понатаму да ги следи препораките на Европската Агенција за лекови и секако после добиени било какви напатствија за ефективни мерки ќе ги спроведе соодветно и за своите лекови. Секоја нова информација ќе биде навремено споделена со МАЛМЕД и стручната јавност во Македонија.

Остануваме доследни на нашето мото „Вашето здравје е наша обврска”