50-тина ученици од селото Брњарци и понатаму не одат на училиште. Веќе две недели ја бојкотираат наставата, бидејќи немаат превоз до училиштето во Арачиново.

Родителите не сакаат нивните деца секој ден да пешачат по 2 километри до училиште. Велат дека се во опасност бидејќи мора да ја поминуваат главната улица, која како што тврдат, е опасна за пешаците.